Ayşe Hümeyra Atılgan
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
СИРТ (АА) - Еден војник загина рано утринава за време на антитерористичка операција во југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците се судрија со терористите на ПКК во подрачјето Ерух во покраината Сирт, а во текот на судирот загина еден војник.
Други четири војници се повредени, соопштија болнички извори. Повредените се однесени во Државната болница во Сирт, додека антитероритичките операции поддржани од воздух за апсење на терористи на ПКК продолжија.
Југоисточна Турција во изминатиот период се соочи со одреден број терористички напади и антитерористички операции на безбедносните сили откога ПКК - која е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против државата во јули 2015 година.