Adem Demir,Halil İbrahim Başer
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Писателот Љатиф Ердоган помина 45 години од својот живот покрај лидерот на терористичката организација Фетула Ѓулен. Во својата книга „Мојот мал свет" која ја издаде 1990 година, на еден позитивен начин го претставува Ѓулен, a денес, по 26 години ја престави книгата „Насмеаното лице на ѓаволот".
Писателот Ердоган, во разговорот со дописникот на АА рече дека во оваа книга ги дава деталите за структурата која Ѓулен ја има направено. Писателот Ердоган рече дека пред 15 години забележал дека лидерот на ФЕТО, Ѓулен, е „Насмеаното лице на ѓаволот", и додаде дека бил сведок на тоа како неговата заедница секој изминат ден станува сè полоша и покорумпирана.
За настаните од 17 до 25 декември 2013 година, Ѓулен отворено почна да критикува, истакна писателот Ердоган и продолжи:
„Ѓулен во период од три месеци во 1990 година ми го раскажа целиот свој жиот. Од 1996 до 1997 година повторно направивме сличен разговор. Во врска со тие разговори стои запишано во мојата архива. Кај никој друг го нема тоа. Покрај тоа, беа направени средби и со луѓе кои го познаваат. Зборуваа за неговите добри намери во минатото и пишував за неговата позитивна страна. По 17 декемри одново ги прегледав моите написи. Прашањата за кои ми зборуваше тогаш, видов дека имаат големо значење денеска. Прашањата кои во тоа време ги немав забележано како негативни, сега ги запишав во оваа книга".
- „Имал специјална едукација" -
Ѓулен на своја 16-годишна возраст добил специјална едукација која била спроведена од страна на елементи на МИТ (Националната разузнавачка служба) рече писателот Ердоган.
„МИТ во 1950 година ја претставуваше ЦИА. Во тоа време платите беа исплаќани од страна на ЦИА. Подоцна Ѓулен во Измир ја формираше својата заедница. Стана разбирливо дека Ѓулен стапил во контакт со ЦИА. Војската, во времето на воената состојба, на барање на ЦИА не одеше против Ѓулен. По 1976 година, замижуват пред фактот дека праќа свои ученици во воените училишта за образување на сопствени кадри. Тоа покажува дека станува збор за еден проект. Проект кој може да му падне на ум само на ѓаволот. Затоа книгата ја именував „Насмеаното лице на ѓаволот", наместо „Ѓаволското лице на Ѓулен". Играчката на ѓаволот. Велејќи ѓавол мислам на Америка и на самиот ѓавол", рече писателот Ердоган.
- „Ја искористи сета своја моќ" -
„Ѓулен подобро го познавам од самиот Ѓулен", рече писателот Ердоган, зборувајќи дека лидерот на ФЕТО од првиот момент ја користи сета своја моќ, продолжи: „Во периодот од 17 до 25 декември ја искористи сета моќ која ја имаше во полицијата и судството. Во целост ја искористи и моќта која ја имаше во војската. По ова, не останаа многу можности за извршување државен удар на лесен начин. Не можам да кажам ништо околу можноста дали ќе ги искористи оние кои му останаа лојални, да изработат нов проект, но нема да им успее".
Писателот Љатиф Ердоган нагласи дека Ѓулен има опсесија од која не може да се откаже и продолжи:
„Доколку обидот за државен удар беше успешен, денеска немаше да има ниту еден од нас. Дали ќе бидат убиени стотици илјади лица, воопшто не го засега Ѓулен. Направија секаков вид на план, но плоштадите беа нешто за кое не водеа сметка. Нацијата и излезе во пресрет на националната волја, демокртатијата и претседателот на Турција. Постои можност порака за атентат зад немањето никакво образложување. Ѓулен нема да се откаже од својата опсесија. Опсесијата на Ѓулен кон Ердоган и Ербакан е многу одамна. На која страна ЦИА ќе му нареди на Ѓулен да биде, од таа стана и го гледаме. И покрај сето предавство кое го покажа Ѓулен, претседателот на Турција Ердоган ја покажа својата милост. Додека пак Ѓулен, кој ќе му направи добро, тој му враќа со неблагодарност."
- „Навлезе во сите делови на државата"
Писателот Ердоган, рече дека Ѓулен се инфилтрирал во сите делови и степени на државата, особено во војската и полицијата поради поради моќта и оружјето кое го поседуваат. Тој истакна дека ќе биде потребно време за да државата се исчисти од претставниците на ФЕТО и додаде:
„Војската со моќта и силата која ја има го привлекува вниманието. Оружјето што го поседуваат полицијата и војската е битен фактор за нив. Многу повеќе се застапени во образованието и здравството. Не се малку ниту во судството. Во моментов навлезени се во секој сегмент од државата. Нема сектор во државата во кој паралелната структура не е навлезена. Потполното чистење ќе потрае од 3 до 5 години. Се разбира дека не е лесно да се изгради државата одново".
- „Воглавно познавам поголем дел од пучистите” -
Ги познавам поголемиот дел од генералите од повисок ранг кои учествуваа во обидот за државен удар, истакна писателот Ердоган и продолжи:
„Не се еден, двајца, ги познавам сите. Тоа се лица кои се директно поврзани со Ѓулен. Тоа се лица кои во средината во која се наоѓаме доаѓаат во цивил. Не ги знам по име, но ги знам нивните кодни имиња. Зад секој офицер стоеше еден одговорен цивил. Сите кои можевме да ги видиме на ТВ екраните ги познавам. Бригадниот генерал Хакан Еврим, кон на началникот на Генералштабот на турската армија, Хулуси Акар му предложил да се слушне со Ѓулен, го познавам уште од неговото детство. Всушност генерали беа лицата во цивил кои доаѓаа кај Ѓулен и му ги носеа информациите. Овие цивили се познаваа меѓусебно, но војните лица меѓусебно не се познаваа".
- „Адил Оксуз е клучна личност" -
Вечерта кога се случи обидот за државен удар, во базата Акинџи беше притворен, па потоа ослободен Адил Оксуз, кој претставува клучна личност, рече писателот Ердоган, и додаде дека не може да ја види причината зошто истиот бил ослободен.
„Адил Оќсуз е личност кој долги години се образуваше кај Ѓулен. Долги години беше одговорен за војската. Беше личност кој ги надгледуваше воздухопловните сили. За време на обидот за државен удар беше личност од самиот врв. Таму се најде како претставник на Ѓулен. Сметајте дека сè она што тој го кажал таму, се зборови на Ѓулен. Неговото ослободување е погрешно. Oвие лица немааат ништо заедничко со исламот. Алчни се за моќ и делуваат со страст за да дојдат до власт. Ѓулен се бори да стане калифа".
- „Имаше план да наведат три муслимански земји да завојуваат една против друга" -
Писателот Ердоган ги сподели своите размислувања:
„Доколку успеаа во својот план, тогаш Ѓулен ќе дојдеше во Турција. Ќе беше прифатен како калифа. Веднаш ќе беше извршена воена интервенција врз Сирија, бидејќи ќе завојуваше со Ебу Бекр ел-Багдади кој е на чело на ДАЕШ. На тој начин двајцата калифи ќе завојуваа еден против друг. Ќе направеше сè за да ја собори Турција. (Организацијата) имаше план да наведе три муслимански земји да завојуваат една против друга. Нивната квалификација како терористичка организација е благ збор".