Adham Kako
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека од март 2011 година досега, вкупно 682 вработени во медиумите, од кои 8 странци, убиени се во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен од страна на СНХР по повод 3 мај - Меѓународниот ден на слободата на печатот, се наведува дека во текот на овој период за кој станува збор, 538 медиумски работници, од кои 5 странци, убиени се од Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, додека 18 новинари загинале како резултат на руските сили.
Според Извештајот, терористичката организација ДЕАШ досега егзекутирала 64 новинари, од кои 3 странци, додека терористите на ЈПГ/ПКК убиле 4 новинари.
„Својот живот, како резултат на судирите на воената опозиција со режимот, го загубија 25 медиумски работници“, се вели во Извештајот. Според овој извештај, петмина новинари загинале како резултат на противрежимската воена група Тахрир ал-Шам, еден новинар како резултат на коалицијата за борба против ДЕАШ, и 27 новинари како резултат на други групи.
- Над 1.000 новинари се лишени од слобода
Во Извештајот на СНХР се вели дека од март 2011 до мај 2018 година, 116 медиумски работници, од кои 33 странци, лишени се од слобода.
„Од почетокот на Граѓанската војна“, се вели во Извештајот, „833 новинари се лишени од слобода од силите на режимот, 56 од терористичката организација ЈПГ/ПКК, 64 од воената опозиција, 67 од терористичката организација ДЕАШ, 55 од Тахрир ал-Шам, и 41 новинар се лишени од слобода од други групи.
Според овој извештај, 4 странски новинари се лишени од слобода од режимот, 14 од ДЕАШ, 5 од воената опозиција, 2 од Тахрир ал-Шам, и 8 од непознати групи.