Besar Ademi
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од денес до следната сабота, на Скопскиот саем ќе се одржи 42. Меѓународен саем „Технома 2016“, каде што во три изложбени хали ќе бидат претставени повеќе од 160 изложувачи од Македонија, Италија и од Германија, во областа на металургијата, електро-техниката, неметали, изградба, безбедност и одбрана, јавува Аnadolu Agency (AA).
ТЕХНОМА со настаните што ќе се одржат го привлекува вниманието на повеќе од 25 илјади посетители, вклучувајќи ги носителите на одлуки, експертите и локалните и странски инвеститори. Овој саем се смета за саем од највисоко ниво, како од страна на јавноста во земјата, исто така и во странство, бидејќи од 1997 година, саемот е член на Сојузот на меѓународни саеми (UFI), со седиште во Париз.
Според министерот за финансии на Македонија, Кирил Миновски, саемот „Технома“ како манифестација што постои 42 години, е најдобар пример за конкурентност преку промовирање на иновации и знаење.
„Клуч за развој на земјата е развојот на приватниот сектор, кој ќе биде во можност да создаде производи и услуги што ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. За да се постигне ова, Владата на Република Македонија е фокусирана на создавање средина погодна за бизнис, која ќе ја поттикне иновацијата на локалните компании и, исто така, ќе го поддржи земањето нови технологии преку пристап до странски инвестиции“, рече министерот Миновски.
Во рамките на саемот Технома, за првпат на настанот ќе се одржи „ Техно-изум – почеток и раст“, четврто издание на саемот за транспорт и логистика, 17. Меѓународен саем за занаетчиство и стопанство, како и 37. Меѓународна изложба на иновации МАКИНОВА.
На манифестацијата „Техно-изум – почеток и раст“, којашто се реализира во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе бидат претставени повеќе од 30 старт-ап компании, кои може да се промовираат и да го најдат своето место на пазарот. Во текот на сите денови, на саемот ќе бидат организирани работилници, презентации и конференции.
Директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска рече дека овој настан ќе ги охрабри сите оние што имаат идеи за започнување бизнис. Таа додаде дека не е секогаш потребна финансиска помош што ја обезбедува фондот кој го оправува, но треба мотивација за започнување бизнис.
Во меѓувреме, на четвртиот Меѓународен саем за транспорт и логистика ќе бидат претставени транспортот, пристаништата, транспортните асоцијации, логистичките центри, терминали и царински складишта од Македонија, Албанија и од пошироко во регионот, како што се Германија, Австрија и Швајцарија.
Седумнаесеттиот саем за занаетчиство и стопанство има за цел да обезбеди широк потенцијал за промовирање на производи и услужни дејности, ракотворби и мали индустриски капацитети од Македонија.