Fatjon Cuka
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Фондацијата за образовние, култура и хуманитарни активности „ Алсар” во контекст на развојот на активностите за вредноста на културната разновидност, во Тирана организира саем под наслов „ Хармонија на културите”. Во оваа активност учествуваа млади студенти од различни земји од регионот и светот кои студираат во Албанија и ја претставија културата и историјата на нивните земји на промотивните штандови, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата „Алсар” организираше церемонија на свечено отворање на саемот каде што одржа говор претседателот на ова фондација, Мехди Гура.

Во својот говор тој рече дека овој саем е едно културно патување во историјата на светското наследство. Гура понатаму истакна дека оваа активност има за цел да ја промовира, негува и развива националната култура кај младите луѓе, но исто така и да ја почитува културната разновидност и мултикултурализмот.
„Мултикултурниот соживот е демократска вредност на мултикултурализмот која значи да се живее заедно со луѓе од различни култури, со јасна визија за соживот и почитување и да се сместат сите културни идентитети. Образованието е најсилното оружје со кое можеме да го промениме светот. Граѓанското образование почнувајќи од поединецот, семејството и општеството како целина, влијае на почитувањето на културната разновидност и овозможува признавање на различни вредности и култури”, рече Гура.

Исто така, воведен говор одржа и советникот во Амбасадата на Турција во Тирана, Синан Џем Баш, кој изрази задоволство за учеството во оваа активност.
„Различни земји ја претставуваат својата култура и за нас овој Саем има големо значење. Како порака важна за нас,и за разновидноста на културите е мирот и братството. Албанија е најдобар пример за културната хармонија и верски низ целиот свет”, изјави Баш.
Земјите кои се претставија на оваа изложба се: Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Турција, САД, Унгарија, Грција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија, Египет, Кина, Јапонија, Филипини, Велика Британија, итн.
На нивните штандови студентите ги промовираа историските места во своите земји, историските споменици, културата, уметноста и облека. Исто така, за време на саемот беше прикажан документарниот филм „Хармонија на културите” во кој беше претставена културата на земјите-учеснички на овој саем.
Покрај бројните студенти, на настанот беа присутни претставниците на Институтот на турската култура „Јунус Емре” во Тирана, граѓанското општество, дипломати, академици, итн.
Саемот „Хармонија на културите” ќе биде отворена до 18:00 часот.