Dzihat Aliju
18 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во амбасадата на Република Турција во Скопје, се одржа церемонијата по повод 18-ти март, Денот на битката на Чанаккале и Денот на жртвите, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата, која започна со едноминутно молчење и интонирање на турската химна, амбасадорот на Турција во Скопје Омур Шолендил рече дека гордо ја одбележуваат 101-годишнината од победата на Чанаккале.
Шолендил рече дека овој датум се одбележува во Турција, во знак на сеќавање и благодарност на жртвите.
"Ги проколнувам мизерните терористички акти во изминатиот период кои се зголемија против нашата држава и нашиот народ. Јас верувам дека нашиот голем народ ќе ги надмине овие предавнички напади со одлучност и единство ", истакна амбасадорот Шолендил.
Воениот аташе на Турската амбасада во Скопје полковник Ѓокхан Јигиттурк нагласувајќи дека денешниот собир е во знак на сеќавање на светите жртви кои ги жртвуваа своите животи, истакна:
" Со вистинска гордост ја живееме 101 годишнината од победата на Чанаккале, која е еден херојски настан, напишана со златни букви во историјата на војната ".
На свеченоста присуствуваа вработените во Турската агенција за развој и координација (ТИКА), Институтот Јунус Емре во Скопје и Амбасадата на Република Турција во Македонија.