Cuneyt Davut
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во скопските џамии се изврши погребна молитва за загинатите жртви во обидот за државен удар на терориситчката организација ФЕТО во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во џамијата „Мурат-паша“ што се наоѓа во Старата скопска чаршија, на погребната молитва за загинатите жртви присуствуваа голем број верници.
Сулејман Баки, имам во Мурат-пашината џамија, за време на петочното предавање изрази сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, државата, Владата и до народот, за загинатите посака милост од Господ, додека за ранетите брзо оздравување.
Исто така, Баки го прочита писмото на Исламската заедница на Р. Македонија што таа го испрати до Управата за верски прашања на Турција.
Пред да се изврши погребната молитва, Сулејман Баки, рече:
„И во времето на нашиот пророк Мухамед се извршуваа погребни молитви од ваков тип. И сега ние, за нашите загинати браќа од сегашните случувањата во Турција, ќе извршиме погребна молитва. Господ нека ги прифати нашите молитви“, рече имамот Баки.