Dzihat Aliju
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Денеска во Скопје се одржува регионалната конференција “Ромите како лидери- Социјалното претприемништво за зелени бизниси придонесува кон економски развој и ги подобрува локалните економии” , јавува Anadolu Agency (AA).
На регионалната конференција присуствуваат градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, Амди Бајрам, пратеник во Собранието на Раепублика Македонија, Ибрахим Ибрахими, заменик министер во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Надир Реџепи претставник на Фондацијата Отворено Општество од Будимпешта, Унгарија, Аднан Мехмед, раководител на проектот “Работи локално, развивај глобално, но зелено” и експертот Наташа Амдију.
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам истакна дека преку овој проект ќе се искористат неангажираните човечки ресурси со кои располагаа општината, со што верува тој, проектот ќе допринесе да се зголеми благосостојбата на граѓаните од општината Шуто Оризари.
“Со поддршка на ЕУ и Фондацијата Oтворено општество , заедно со партнерството од други земји работиме на имплементација на проектот „Работи локално, развивај глобално, но зелено”, рече Бајрам.
Надир Реџепи од Фондацијата Отворено општство од Будимпешта истакна дека ова добра прилика за општина Шуто Оризари, која е носител на еден голем проект финансиран од Европа.
“Научените лекции од овој проект ќе Ви овозможат и понатаму да продолжите да работите за ромската заедница” , изјави Реџепи.
Аднан Мехмед, раководител на проектот “Работи локално, развивај глобално, но зелено” истакна дека оваа иницијатива е предводена од единствената ромска општина во Европа и веруваат дeка имаат нешто добро да и понудат на Европа.
“Да ја преставиме ромската зедница како бизнис заедница и да ги споделиме своите искуства со другите земји од Eвропската Унија од една страна, но во исто време да научиме во земјите на европската унија во врска со водењето на зелените бизниси. Исто така можат да се подобрат вештините на ромите во другите земји на европската унија и заедоно ќе можеме да ги претставиме Ромите како лидери во подобрувањето на зелените вештини”, изјави Мехмед.
Во текот на денешниот ден ќе се одржи и панел дискусија ,,Политиките на државата, иницијации и добри практики за социјално претприемништво и подобрување на локалните економиии“ .