Aybala Arpacı
05 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ХАЌАРИ (АА) - Најмалку двајца турски војници загинаа во текот на антитерористичките операции од страна на турските безбедносни сили против терористичката организација ПКК во подрачјето на Чукурџа, во југоисточниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на гувернерот на турската покраина Хаќари соопшти дека операцијата во дистриктот Чукурџа, на турско-сириската граница, и понатаму трае и дека во операциите против терористите на ПКК учествуваат воздушните, копнените и специјалните единици на турската војска.
Во соопштението се вели дека во судирот со терористите утринава, загинале двајца војници.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија, а станува збор за група која над три децении води вооружена кампања против Турција.
Терористичките активности ПКК ги интензивираше во јули минатата година, а турските безбедносни сили од крајот на минатата година водат опсежни антитерористички операции ширум Турција и во северен Ирак. Досега во овие акции животот го изгубија над 600 припадници на турските безбедносни сили, а убиени се повеќе од 7.000 терористи.