Umur Koçak Semiz
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ДАМАСК (АА) - Војската на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад потврди дека во Алепо, кој се наоѓа на северот од Сирија, е прогласен 48-часовен прекин на огнот, кој синоќа претставниците на САД и Русија го договорија по примерот на прекинот на судирите во Источна Гута и Латакија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската државна телевизија соопшти дека примирјето стапило во сила синоќа, во еден часот по полноќ и дека е најавен 48-часовен прекин на огнот од страна на сириската војска.
Стејт Департментот во средата соопшти дека САД и Русија постигнале договор со кој прекинот на судирите го опфаќа и градот Алепо.
„САД и Русија во рамките на средбите со цел разрешување на судирите во Сирија, синоќа, во доцните вечерни часови се договориле примирјето да го опфати и центарот и околината на градот Алепо.“