Vesna Besiç
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ЗАГРЕБ (АА) – Билатералните односи на Хрватска и турција се многу добри и без отворени прашања, но со огромен простор за натамошна соработка, особено на полето на инвестиции, заеднички вложувања, извоз на хрватските производи и услуги во Турција, порача претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ по состанокот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во Загреб, јавува Anadolu Agency (AA).
Колинда го истакна своето задоволство што претседателот Ердоган пристина со околу стотина стопанственици, како и со неколку министри што го докажува интересот на Турција за бизнис и инвестиции во Хрватска.
„Зборувавме за билатералните односи кои се многу добри без отворени прашања, но и со огромен простор за натамошна соработка, особено на полето на инвестиции, заеднички вложувања, извоз на хратските производи и услуги во Турска. Стана збор и за нашата соработка на полето на енергетиката, особено кога станува збор за природниот гас, транспортот на енергија и транспортните врски“, изјави Грабар-Китаровиќ.
Хрватска го подржува патот на Турција кон членството во ЕУ
„Заеднички го поддржуваме влезот на други земји од подрачјето на југоситочна Европа за членство во Европа и НАТО кои тоа го сакаат. Посебно ја делиме одговорноста за иднината на БиХ. Турција секогаш имала конструктивна улога и веруваме во понатамошна соработка на Турција во трилатералната соработка меѓу Хрватска, БиХ и Турција, која ќе и помогне на БиХ на патот полн со политичка еманципација, надоградба на дејтонскиот договор, активација на МАП“, нагласи Грабар Китаровиќ.
Разговараа и за бегалската криза, во која Турција игра многу битна улога, не само поради договорот со ЕУ, него и како држава која е сосед со Сирија, во која се води војна.
„Особено се договоривме во рамките на трилатералната соработка меѓу Хрватска , БиХ и Турција, по прашањата за бегалците и размената на информации кои ќе им помогнат на нашите земји во размената на информации кои се битни во борбата со тероризмот и екстремизмот. Ги разгледавме и прашањата околу конкретните видови на соработка меѓу ресорние министерства и агенции околу уредувањето на бегалската политика но и на полето на безбедноста, војната и одбранбената соработка, борбата против теоризмот, со особен нагласок на економската соработка и ширење на инвестици, соработка на полето од облата на културата, учење турски јазик, Туркологија во Загреб“, порача Грабар-Китаровиќ.
Беше потпишан и протокол за соработка меѓу Турската радиотелевизија (ТРТ) и Хрватската радиотелевизија (ХРТ), и договори за заедничка правна соработка и во кривичните предмети.