Uğur Aslanhan
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – На церемонијалното пуштање во употреба на тунелот „Евроазија“, кој под дното на Босфорскиот теснец ги соединува континентите Европа и Азија, учествуваа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим и голем број странски и домашни гости, Anadolu Agency (AA).
Со цел суштински да се реши проблемот за пристап и транспорт во Истанбул, пуштен е во употреба тунелот што овозможува патувањето меѓу европската и азиската страна на Истанбул да се намали на 15 минути.
Тунелот „Евроазија“ беше пуштен во употреба со церемонијата на која учествуваа претседателот на Турција Ердоган, премиерот Јилдирим и голем број странски претседатели, премиери, министри и амбасадори.
Овој тунел ги соединува двете страни на Босфорскиот теснец. Изграден е на два ката, под дното на морето, на длабочина од 106 метри, и неговата вкупна должина изнесува 14,6 километри.

Тунелот за чија изработка е користена најсовремена технологија, може да се користи и како засолниште. Тој е опремен со високотехнолошки систем за вентилација, апарати за противпожарни заштита до кои лесно може да се пристапи во секој дел од тунелот, површината од тунелот е премачкана со заштитен слој отпорен на оган, систем за итна евакуација, и на секои 600 метри ќе биде поставена полициска лента за контрола.

Во тунелот возилата ќе можат да се движат со максимална брзина од 70 километри на час, а цената за преминување на возило низ тунелот ќе изнесува 15 лири (околу 260 денари).
- На местото на одржувањето на церемонијата пристигнаа голем број граѓани -
Народот што присуствуваше на церемонијата истакна пароли: „Народот се спротивстави, победи Туција“, „Младите се покрај Ердоган“, „Се зачудив кој луд ќе правел државен удар“ и извикуваше слогани: „Хероите не умираат, државата е неделива“ и „Нека пропадне ПКК“.
Претседателот на Турција, Ердоган со својата сопругата, премиерот на Турција Јилдирим со сопругата и премиерот на Грузија, Григори Квирикашвили, дојдоа до местото на церемонијата и ги поздравија присутните граѓани.
На отворањето учествуваа и голем број луѓе од политичкиот живот во Турција.
- Под дното на морето, соединети се двете страни на Босфорскиот теснец -
По одржаниот говор, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, претседателот на Големото народно собрание на Турција, Исмаил Кахраман, министрите и странските гости пристапија кон отворање на двокатниот тунел „Евроазија“, кој под морето ги соединува двете страни од Босфорот.