Ekipa
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во пресрет на денешниот самит на официјални лица од Турција со претставниците на Европската унија, Грција инсистира на тој состанок да бидат одредени санкции за оние земји членки кои еднострано одлучија да ги затворат своите граници за влез на бегалците, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот заменик-министер за одбрана, Димитрис Вицас, кој ја предводи работната група за бегалци, изјави денес дека Европа не би смеела да има во својот состав „држави-тврдини”
Официјална Атина повеќепати ја критикуваше Австрија поради ограничувањето на бројот на бегалци кои ги пушта во земјата, што предизвика концентрирање на околу 46.000 бегалци во Грција. Од нив, околу 14.000 бегалци моментално се сместени во Идомени, на грчко-македонската граница.