Mehmet Hatipoğlu
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
АТИНА (АА) - Грција донесе одлука за применување санкции против четворица руски дипломати, под изговор дека вршеле дејствија кои претставуваат закана за националната безбедност на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на грчкиот весник „Катимерини“ (Kathimerini), базирана на дипломатски извори, Владата на оваа земја донесе одлука за депортација на двајца руски дипломати, додека за други двајца руски дипломати донесе одлука за забрана за влез во земјата, под изговор дека вршеле дејствија кои претставуваат закана за националната безбедност на Грција.
Во веста се вели дека оваа одлука на Атина е мерка против дејствијата на руските дипломати кои се сметаат за интервенција врз внатрешните работи на земјата, во рамките на границите на Грција.
Во веста се тврди дека руските дипломати, меѓу кои и Виктор Јаковлеф, вработен во Амбасадата на Русија во Атина, се обвинуваат за вршење активности со кои сакаат да имаат влијание врз некои општини и врз светата планина Атос, каде што живеат свештеници, и поради обидот да извршат интервенција во врска со прашањето околу проблемот за името меѓу Македонија и Грција.
Според оваа вест, одлуката за руските дипломати, ги обелодени тензиите меѓу Атина и Москва во последните две години околу безбедносните прашања во регионот.
„Јасно е дека ова прашање фрла сенка врз односите меѓу Атина и Москва, и покрај тоа што Владата соопшти дека продолжува добрата намера кон Русија“, се вели во веста.