Şerife Çetin
11 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата и понатаму продолжува со исполнувањето на своите должности, јавува Anadolu Agency (AA).
„Самитот на НАТО ќе покаже дека Алијансата продолжува да ги исполнува должностите, иако претходно имаше период на невидени безбедносни закани и несогласување меѓу сојузниците“, истакна Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО денеска организира официјален прием за учесниците на Самитот. Со учесниците ќе изведе кратка прошетка во лобито на новото седиште, по што ќе биде направено заедничко фотографирање. Првиот состанок на лидерите на Северноатлантскиот совет е закажан за 14:30 часот.
Пред почетокот на Самитот, Столтенберг на претставниците на медиумите им изјави дека очекува да бидат донесени значајни одлуки во борбата на сојузниците против тероризмот и споделување на проблемите.
Столтенберг потсети дека во рамките на борбата против тероризмот се планира во Ирак да започне мисијата за обука, а ќе биде донесена и одлука за продолжување на финансирањето на авганистанските безбедносни сили.
„Самитот на НАТО ќе покаже дека Алијансата продолжува да ја исполнува должноста, иако претходно имаше период на невидени безбедносни закани и несогласување меѓу сојузниците“, рече Столтенберг.
- Средба Столтенберг - Трамп
Пред започнувањето на Самитот во Брисел, на работен појадок се сретнаа Столтенберг и американскиот претседател Доналд Трамп. Столтенберг информираше дека со Трамп ги разгледале прашањата за кои ќе се дискутира на Самитот.
Столтенберг рече дека претходно повеќепати имал средба со Трамп и се навикнал на „отворени и праведни“ дискусии.
„Американскиот претседател има директна комуникација, особено по прашањето за трошоците во одбраната. Всушност, сите сме согласни околу потребата за зголемувањето на трошоците во одбраната“, рече Столтенберг.
На средбата со Столтенберг, Трамп изјави дека Германија ѝ плаќа високи суми на Русија. „Затоа може да се каже дека Германија е заробеник на Русија“, рече Трамп.