Ilkay Guder,Meltem Bulur
18 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денес во Брисел изјави дека целта на Турција и ЕУ е јасна, а таа е да им се помогне на бегалците низ една хуманитарна перспектива, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на земјтие на Европската унија (ЕУ) доцна синоќа постигнаа договор за соработка со Турција во врска со бегалската криза, а тој денес во Брисел ќе му биде претставен на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Премиерот Давутоглу, денес, по доаѓањето во зградата на Советот на Европа, одговарајќи на прашањата на новинарите, рече дека денес во Брисел присуствува на трениот самит во последите четири месеци.
"Нашата цел е јасна, да им помогнеме на беглците низ хуманитарна перспектива. Исто така сакаме да ги продлабочиме односите помеѓу Турција и ЕУ и да ги поставиме на силни темели.Имаме заедничка цел. Се надевам дека ќе биде можно да се најдеме на една заедничка платформа која се темели во овие рамки", рече Давутоглу.
Истакна дека прашањето на бегалците за Турција не претставува предмет на "ценкање" туку прашање кое е во рамките на меѓународните човечки вредности како и европски вредности.
Потсети дека Турција до денес прими 2,7 милиони сириски бегалци, без било чија помош.
"Сакам да нагласам исто така дека Турција ќе ја продолжи својата политика низ хуманитарна перспектива. Секако дека и ЕУ и Турција имаат заеднички цели и настојувања за да нашиот континет има подобра иднина, а посебно кога е во прашање помошта на бегалците", рече Давутоглу и додаде:
"Искрено се надевам дека покрај помошта на сите бегалци, ЕУ и Турција ќе ја остварат својата цел во јакнење на односите. Тоа ќе биде добра вест, како за нашиот континент, така и за човештвото" .
Давутоглу покасно се состана со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
На турскиот премиер денес ќе му биде претставен договорот на лидерите на ЕУ околу бегалската криза, а во случај тоа да го прифати, тој ќе биде и официјално заклучен. Но, доколку не дојде до тоа се очекува нов состанок помеѓу претставниците на ЕУ и Турција.
Според договорот, начелно усогласен на 7 март 2016 година, Турција треба да прифати враќање на сите мигранти кои преку таа земја илегално дошле во Грција, односно ЕУ, а Унијата за секој илегален мигрант кој ќе го прифати Анкара, да одобри азил и влез на еден сириски бегалец сместен на турска територија.
Турција исто така бара укинување на визите за ЕУ на нејзините граѓани најдалеку до крај на јуни и отворање на нови поглавја во процесот на членство во ЕУ.