Ekipa
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Доналд Туск, претседател на Советот на Европа, го повика каталонскиот лидер да се држи настрана од работ на раздорниот повик за независност и наместо тоа, да избере дијалог со шпанската Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск директно се обрати до претседателот на Каталонија, неколку часа пред Карлес Пучдемон веројатно да го соопшти барањето за отцепување на Каталонија.
„Ве молам, во своите намери да го почитувате уставниот поредок и да не донесете одлука што ќе го оневозможи дијалогот“, рече Туск.
Тој додаде дека различноста не треба и не мора да доведе до конфликт чии последици очигледно ќе бидат лоши за Каталонија, Шпанија, и за цела Европа.
„Дозволете ни секогаш да гледаме кон она што нѐ обединува, а не кон она што нѐ дели. Тоа е она што ќе ја одреди иднината на нашиот континент“, рече Туск пред состанокот на Комитетот на регионите на Европската Унија во Брисел.