Said İbicioğlu,Mohamad Misto
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Децата од Источна Гута која е под опсада покренаа кампања на социјалните мрежи насловена „Уште сум жив", јавува Anadolu Agency (AA).
Кампањата е покрената со цел подигнување на свеста за страдањето на децата во овој дел од светот. Според податоците, во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите приврзаници на Источна Гута во последните 12 дена страдаа 674 цивили, вклучувајќи и 127 деца.
Активистите и децата од Источна Гута покренаа кампања #Iamstillalive со која бараат поддршка за ова сириско место кое е под интензивни напади на режимските сили.
Детето Ејмен за Anadolu Agency (AA) изјави дека му е благодарен на Бога што е жив.
„Велат дека тука е примирје од 9 до 14 часот, но лажат. Бомбардираат и покрај примирјето. Сите лажат. Одиме на спиеме со проблеми, и стануваме со нив", порача детето Ејмен.
И детето Ислам го смета истото.
„Уморни сме. Се трудиме да преживееме и да ѝ пркосиме на глатта", порача тој.
Мухамед се плаши од авиони, а Абдулкајум е ранет во рака.
Источна Гута е под опсада во последдните пет години, а хуманитарниот коридор за подрачјето на кое живеат 400.000 лица е прекинат.
Во последните осум месеци, силите на сирискиот режим ја интензивираа опсадата на Источна Гута. Досавата на храна и лекови станаа речиси невозможни, а илјадници пациенти имаа потреба од тоа.
Сирија е подрачје ја жестоки судири од почетокот на 2011 година кога режимот брутално ги нападна демонстрантите. Според податоците на Обединетите нации, во судирите загинаа стотици илјади лица.