Rahmi Gündüz
02 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
ПАРИЗ (AA) – Организацијата на Обединтетите назии за наука (УНЕСКО) предупредува дека со продолжение на актуелните трендови во светот без можност за образование би можеле да останат 16 милиони девојчиња на возраст од 6-11 години, јавува javlja Anadolu Agency (AA).
По повод престојниот Меѓународен ден на жените, УНЕСКО објави извештај "Атлас на полната нееднаквост во образованието", во кој се истакнува дека образованието на женските деца и понатаму претставува алармантен проблем без оглед на фактот дека на глобален план веќе две децении се води планска бобра за воведување на обврзувачко образование
Во извештајот се наведува дека продолжението на актуелните трендови на случувања во светот би можело без можност за основно образование да остави осум милиони момчиња и двојно повеќе девојчиња на возраст од 6 до 11 години.
Исто така се наведува дека најголемиот број на девојчиња не оди во училиште во арапските земји, субсахарска Африкаа и на југот и југозападот на Азија. Само во субсахарска Африка повеќе од 9,5 милиони девојчиња и пет милиони момчиња никогаш не стапнале на училиште.
Директорката на УНЕСО, Ирина Бокова тврди дека е невозможно да се остварат целите во одржливиот развој на образование се додека не се решат проблемите на дискриминација на жените и проблемот на сиромаштијата.
"Ги повикувам сите луѓе и лидерите на светот да го направат својот дел од задачата за да девојчињата ширум светот се вклучат во процесот на образование и рамноправно интегрирање во општеството", порача Бокова.