Zehra Ulucak
19 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Според последните податоци на Фондот на ОН, повеќе од половина милион деца се длабоко погодени од конфликтот во источна Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на УНИЦЕФ за Украина Џована Барберис, ги повика сите партии да обезбедат непречен проток на хуманитарна помош за децата кои се во сиромаштија. Според неа, со конфликтот се погодени 580.000 деца.
Барберис, рече дека на повеќе од 200.000 млади луѓе им е потребна психолошка помош. Таа потсети дека конфликтите во Украина се во тек две години и истите имаат оставено неизбришлива трага на илјадници деца.
"Доколку продолжат конфликтите, овие малолетници ќе имаат потреба и психолошка и физичка помош", рече Барберис. Во извештајот кој го подготви УНИЦЕФ се наведува дека помош добиле 46.000 малолетници.
Обезбедена е вода за пиење за околу 1,6 милиони луѓе, а пристигна помош за хигиенски потреби за 164.000 млади и возрасни лица, како и училишен прибор за 200.000 деца.