Hakan Çopur
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседател на државата, во САД, не се станува само со директно избирање од страна на гласачите, туку и со помош на гласовите што ги дале членовите на Избирачкиот совет на САД. Вчера, партиските делегати од државите во САД и главниот град Вашингтон го искористија своето право на глас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијалните резултати од гласањето на 538-те членови на Избирачкиот одбор, 304 делегати својот глас го дадоа за избраниот претседател Доналд Трамп, со што тој ја утврди својата претседателска функција.
Според неофицијалните резултати, од вкупно 538 делегати, 304 својот глас го дадоа за новоизбраниот претседател Трамп, со што тој ја загарантира својата фотелја во Белата куќа. Трамп, кој на изборите на 8 ноември имаше освоено 306 делегати, на ова гласање не успеа да ги добие гласовите на двајцата делегати од Тексас.
Со гласовите од Тексас ги надмина потребните 270 гласа
Според веста што се појави во американските медиуми, гласањето започнало во утринските часови, а до попладневните часови кога гласале делегатите од државата Тексас, претседателот Трамп ја надминал бројката од 270 гласови.
На тој начин Трамп ја надминал бројката на потребните гласови од делегатите, без да го очекува крајот од гласањето на останатите делегати, и ја утврдил својата претседателска функција.
Гласањето продолжува во западниот дел од САД, како во сојузната држава Калифорнија, и се очекува во наредните часови тоа да заврши и да се добијат конечните резултати.
Според ова гласање може да се заклучи дека обвинувањата дека Русија влијаела на изборите во САД со сајбер напади, кои од јули досега беа на дневниот ред, не влијаеле на конечното гласање на Избирачкиот одбор.
„Формалност“ за Трамп
По изборите на 8 ноември, кога претседателот Трамп освои 306 делегати, остана формалноста со гласање на членовите од Изборниот одбор тој да ја надмине бариерата од потребните 270 гласа. Делегатите, членови на одборот, претходно најавуваат за кого ќе го дадат својот глас, а досега само еден делегат, член на Републиканската партија соопшти дека нема да го даде својот глас за Трамп.