Ekipa
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Пожарникарите денеска евакуираа стотици патници од аеродромот во германскиот град Хамбург откако 50 лица се повредени досега од непозната токсична материја која, наводно, се проширила преку системот за вентилација на аеродромот, пренесува Anadolu Agency (АА).
Портпаролката на аеродромот Карен Штајн изјави дека сите летови се одложени за неколку часа поради евакуацијата.
„Ние ги откажавме сите летови до најмалку два часа по локално време, а поголем дел од аеродромот е евакуиран“, рече Штејн.
Над 50 лица се пожалиле на проблеми со дишењето и пецкање во очите, а пожарникарите мораа да утврдат дали луѓето треба да се префрлат во болница, објави германската новинска агенција ДПА.
Пожарникарите ги одредија местата надвор од аеродромот каде што лекарите подоцна ги прегледуваа лицата.