Ekipa
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
СУРИГАО (АА) - Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, посети неколкумина од преживеаните од силниот земјотрес во кој загинаа најмалку осум лица, а повеќе од 200 беа повредени, а беа оштетени аеродромот, разни објекти и околу 1.000 куќи во провинцијата во јужниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Над 130 мали земјотреси следеa по силниот земјотрес од 6,7 степени кој ја погоди провинцијата Северен Суригао ноќта во петокот. Овие помали земјотреси дополнително ги вознемирија жителите, од кои многумина ја поминаа ноќта на отворено.
Дутерте по посетата изрази сочувство до семејствата на загинатите и вети финансиска помош за преживеаните на кои им е потребна медицинска помош.
ОФилипински официјални лица ги предупредија жителите да ја проверат стабилноста на куќите во кои живеат, имајќи предвид дека помалите потреси ќе продолжат во текот во наредните денови.