Şerife Çetin
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата донесе одлука според којашто земјите-членки на Европската Унија мораат да го почитуваат системот на квоти според којшто се распределуваат азилантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот суд на правдата со седиште во белгискиот град Брисел, кој е и највисок суд во ЕУ, донесе одлука со којашто се одбива приговорот на Словачка и на Унгарија против квотите на бегалци и ја потврди претходната одлука.
Европскиот суд на правдата соопшти дека е одбиена жалбата што беше поднесена против одлуката за задолжително распределување на азилантите кои привремено треба да бидат прифатени од страна на земјите-членки на ЕУ.
Во одлуката се наведува дека системот на квоти е воведен со цел да се најде решение за бегалската криза што настана во 2015 година, со којашто Грција и Италија не можеа да се справат. Во одлуката се вели дека системот е воведен за таа цел и потребно е земјите-членки на ЕУ да го почитуваат.
Во одлуката се вели дека институциите на ЕУ имаат право во вонредни случаи да преземат привремени мерки, истакнувајќи дека протокот на голем број азиланти во 2015 година предизвикал вонредна состојба.
Со цел да најде решение за бегалската криза што ја зафати Европа во 2015 година, Советот на Европа донесе одлука со којашто според системот на квоти, околу 160.000 азиланти кои пристигнаа во Италија и во Грција требаше во период од две години да бидат распределени во земјите-членки на ЕУ. Словачка, Унгарија, Чешка и Романија се спротивставија на оваа одлука на Советот на ЕУ.
Словачка и Унгарија до Европскиот суд на правдата поднесоа жалба за повлекување на одлуката на Советот на Европа. Двете земји сметаат дека системот на квоти воведен од ЕУ, заради проблемот со бегалците, е неадекватно решение и оти такво нешто не е потребно.
Досега од Италија и од Грција, во земјите-членки на ЕУ се распределени околу 28.000 бегалци. Иако Унгарија треба да прифати 1.292 бегалци, досега во оваа земја е распределен ниту еден бегалец. Што се однесува до Словачка, таа прими само 16 бегалци.