Ekipa
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската група за помош на бегалците тврди дека денес околу 50 авганистански државјани ќе бидат депортирани во својата земја откако им се одбиени барањата за азил во Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа организација наведува дека групата азиланти ќе бидат депортирани вечерва и дека во Авганистан ќе бидат упатени од аеродромот во Франкфурт.
Германската Влада одби да ја потврди веста за депортација, истакнувајќи дека таквите мерки никогаш не се објавуваат во јавност.
Германија досега има депортирано многу мал број Авганистанци. Наместо тоа, настојуваше да ги убеди доброволно да се вратат дома нудејќи им финансиски стимул по враќањето.
Неодамна владата соопшти дека ќе ги заостри мерките за добивање азил, и дека поголем број луѓе ќе бидат депортирани.
Во Германија минатата година стигнаа околу 890.000 мигранти и бегалци, поголемиот дел од Сирија, Ирак и од Авганистан.