Yakup Çabuk
07 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Експлозија се случи во Везнеџилер, дел во истанбулската населба Бејазит, јавува Anadolu Aggency (AA).
Според добиените информации, поради експлозијата, голем број на амбулантни возила и полициски екипи се испратени на местото на настанот. Повредените со амбулантни возила се испратени во ближните болници.
Поради експлозијата оштетени се неколку возила и деловни простори во околината. Полицијата ги празни оштетените деловни простори.
Во меѓувреме, се дознава дека по експлозијата се слушнале пукотници.