Потпретседателот на Турција, Октај, упати порака по повод 568-годишнината од освојувањето на Истанбул
„На 568-годишнината од освојувањето, со милост и благодарност се присетуваме на султанот Мехмет Фатих и неговата војска, кои во аманет ни ја оставија нашата љубов Истанбул“, пишува во пораката потпретседателот на Турција, Фуат ОктајAbdullah Yasin Güler
29 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, упати порака по повод 568-годишнината од освојувањето на Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Освојувањето на Истанбул, што беше благословено со радосната вест на нашиот (Божји) Пратеник, најславната победа што затвори една и отвори друга ера и го смени текот на историјата. На 568-годишнината од освојувањето, со милост и благодарност се присетуваме на султанот Мехмет Фатих и неговата војска, кои во аманет ни ја оставија нашата љубов Истанбул“, пишува во пораката на Октај на социјалната мрежа Твитер.