Burak Yılmaz
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на билатералните состаноци во САД вечерва ќе се состане и со американскиот претседател Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Обама ќе се состанат по вечерата која Обама ќе ја организира во Белата куќа за лидерите кои се наоѓаат во Вашингтон по повод Самитот за нуклеарна безбедност.
Челниците кои ќе бидат присутни на Самитот за нуклеарна безбедност ќе се состанат на вечерата во четврток во Белата куќа пред да ги започнат главните дебати на трите пленеарни седници на шефовите на државите, владите и министрите.
Главни теми на Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон се актуелната нуклеарна закана од Северна Кореја и опасноста дека терористите на ДАЕШ би можеле да набават нуклеарно оружје.