Ekipa
18 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Чанаккале на церемонијата на поставување камен-темелник на мостот Чанаккале и изградбата на патот Малкара-Чанаккале изјави дека во досегашните акции во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ неутрализирани се 3.603 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на денешниот ден и Генералштабот на Турската војска објави соопштение во кое се вели дека операцијата за воспоставување безбедност долж турската граница и во регионот продолжува, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ во Африн, северозападниот дел на Сирија.
Во соопштението се наведува дека во досегашните акции во рамките на операцијата Маслинова гранка се неутрализирани 3.603 терористи, за животот го загубиле 46 војници.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Исто така, беше нагласено дека за време на операцијата „Маслинова гранка“, преземени се сите мерки за заштита на цивилното население во Африн, а во тек се активностите за деминирање на теренот.
„Во судирите со припадници на терористичките организации во рамките на операцијата, загинаа 46 наши соборци, а 225 беа ранети. Од почетокот на операцијата, неутрализирани беа вкупно 3.603 терористи“, се вели во соопштението.
Беше истакнато дека операцијата „Маслинова гранка“ се одвива според планираното.