Hanife Erdinç
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) – При обид за премин на островот Лезбос во Грција по илегален пат, беа фатени 51 странски државјанин во населеното место Ајваџик кај Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на поморската команда „ТЦСГ-6“ (Крајбрежна стража 6 на Република Турција) кај Кадиргабурну забележале луѓе кои пловеле со гумен чамец. Тимовите фатија 51 лице, меѓу кои имало жени и деца. Тие биле државјани на Конго, Ирак, Сирија, Авганистан, Пакистан, Етиопја, Мали, Гамбија и на Еритреја.
Странските државјани биле доведени на докот на Командата на крајбрежната стража во Кучуккују.
Потоа биле одведени во Центарот за депортација на мигранти, во населеното место Ајваџик.