Çiğdem Pala,Hanife Sevinç,İsmail Özdemir
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, денес во Истанбул потпишаа заедничка изјава за исламско зближување, пред утрешниот Самит на шефовите на држави на Организацијата за исламска соработка (OIC), јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Назарбајев денес одржаа состанок во Истанбул, каде што утре ќе се одржи Самитот на шефови на државите на ОИС. По состанокот, двајцата лидери потпишаа Заедничка изјава за исламско зближување.
Со заедничка изјава, меѓу останатото, Ердоган и Назарбајев ја потврдија силната определеност за исламска солидарност.
„Ги повикуваме сите земји членки на ОИС во врска со прашањата за меѓудржавните односи и решавањето на судирите и несогласувањата да пружат добронамерен и конструктивен став, и ги повикуваме на развивање нови парадигми за односите во исламскиот свет”, се наведува во изјавата.
Исто така, земјите членки на ОИС се повикани да го „поддржат исламското зближување” и оваа иницијатива во иднина да ја проценат како една нова политичка платформа за исламскиот свет.
„Земјите членки на ОИС ги повикуваме на формирање различни советодавни механизми за намалување на насилството и решавање на другите проблеми, во потполност да ги искористат дипломатските мисии, ги повикуваме на меѓупарламентарен дијалог како и да придонесат во спроведувањето на иницијативата за исламско зближување”, се наведува во изјавата.