Çiğdem Pala,Fikriye Susam Uyar
14 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ИНСТАБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган го дочека во четврток во Конгресниот центар во Инстанбул шефовите на владите, претседателите и претставниците на 30 држави кои ќе учествуваат на Самитот на Организациите за исламска соработка (ОИС), јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во пресрет на почетокот на Самитот помеѓу останатите го дочека претседавачот со Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, иранскиот претседател Хасан Рухани, катарскиот емир Темим бин Хамда ал Тхани, саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал-Суд, палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседателот на Казахстан Нурслутан Назарбаев и бројни други учесници.
Турскиот претседател со секој од лидерите оствари кратка средба на платформата со знамињат на ОИС-a. По поединечните разговори, следуваше и заедничка фотографија на лидерите.
Инаку, 13. Самит на ОИС кој ќе биде одржан денес и утре во Истанбул, го обезбедуваат повеќе од пет илјади припадници на безбедносните сили.