Can Erözden
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Осомничен член на ДАЕШ беше убиен и три други лица се фатени рано утринава на турската југоисточна погранична покраина Газиантеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните сили изјавија дека четирите осомничени лица од Сирија се обиделе илегално да влезат во Турција при што биле забележани во реонот на Каркамиш.
Турските безбедносни сили отворија оган врз групата откако не го почитуваа предупредувањето да сопрат.
Четири лица, вклучувајќи го и повредениот, беа фатени. Повреденото 25-годишното лице, кое подоцна им подлегна на повредите во Државната болница во Низип.
Две од трите жени се со потекло од Мароко а останатата е од Турција.
Осомничените на ДАЕШ беа однесени во командата на жандармеријата во Каркамиш, уапсени под обвинение за припадност на вооружена терористичка организација и поради нарушување на специјалната безбедносна област.