Tuğrul Çam
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Белата куќа вчера соопшти дека претседателот на САД Барак Обама за време на престојувањето на во Кина ќе се состане со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, Обама и Ердоган ќе се состанат во текот на Самитот Г20 кој ќе се одржи во Кина.Заменик на советникот за национална безбедност при Белата куќа Бен Родес потврди дека двајцата лидери ќе се состанат на 4 септември.
Додаде дека Обама и Ердоган ќе разговараат за ситуацијата во Турција по обидот за државен удар на 15 јули, борбата против тероризмот, бегалската криза и војната во Сирија.
Посебно нагласи дека двајцата лидери ќе разговараат за борбата против терористите на ДАЕШ која ја нарече заедничка борба на двете земји.
Инаку, Самитот Г20 ќе се одржи на 4 и 5 септември во градот Хангзхоу во провинцијата Зхејианг.