Mümin Altaş,Barış Gündoğan
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, учествуваше во програмата која Асоцијацијата за Локална мисла под наслов „Локална и национална програма на Турската политичка историја” ја организираше во Конгресната палата АТО во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето ја критикуваше Европската унија (ЕУ), поради, како што рече, земање на терористичките организации за соговорници.
„Ако Европската унија е подготвена да се спушти на ниво на разговори со терористичките организации наместо со државата Турција, за нас тоа не е никаков проблем, бидејќи ние со очите со кои ги гледаме терористичките организации ги гледаме и оние кои ги бранат нивните тези", рече турскиот претседател.
Турскиот претседател истакнa дека Турција продолжува да се бори против ДАЕШ и изјави:
„Поради проблемите во Килис, ги преземаме потребните подготовки за расчистување на другата страна од границата. Но сојузниците, особено оние кои имаат свои вооружени сили во регионот, не ни ја дадоа потребната поддршка“.
- „Тоа што го прават е лицемерно” -
„Оние кои не ги почитуваат Килис и Алепо, не може да очекуваат да ги почитуваме нив. Не се согласувам со начинот на кој органите на Европската унија и некои земји гледаат на начинот на борбата на Турција против тероризмот. Она за што тие сметаат дека се во право, за нас велат дека е луксуз. Toa e неприфатливо и отворено ќе кажам дека тоа што го прават е лицемерие".
- „Новиот устав ќе им биде претставен на граѓаните” -
„ Порано или подоцна, новиот Устав ќе им биде претставен на граѓаните, исто така и претседателскиот систем. Лидерот на главната опозициската партија вчера изјави нешто што дава знаци на сериозен проблем. Зборовите ,Претседателскиот систем не може да се спроведе без крв’ искажани од еден политичар претставуваат предавство кон волјата на народот, избраните пратеници и кон Парламентот, како политичка институција. Дали оние кои имаат претседателски систем, го воспоставија со пролевање на крв?", праша претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.