Zafer Arslan
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската населба Самандира, во општината Санџактепе, дојде до експлозија на автомобил-бомба во момент кога покрај него преминуваше воено возило, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Истанбул, Васип Шахин изјави дека во експлозијата кај Самандира се повредени осуммина, пет војници и тројца цивили, од кои едно женско лице е потешко повредено. По експлозијата пет лица со амбулантни возила биле префрлени во болница.
По експлозијата на местото на настанот пристигнале голем број на полициски екипи и во околината беа преземени безбедносни мерки.