Aybala Arpacı
12 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
ШИРНАК (АА) - Во рамките на акциите против терористичката организација ПКК, турските безбедносни сили уништија четири тони амониум нитрат, кој се користи за изработка на експлозивни направи, а кој е пронајден за време на претрес во подрум на куќа во југоисточниот град Ширнак. Притоа уништена е и 500 килограми тешка експлозивна направа монтирана од страна на терористите пред еден објект, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили на 14-ти март оваа година во центарот на Ширнак прогласија полициски час и започнаа опсежни антитерористички акции со цел неутрализирање на терористите на ПКК, како и отстранување на експлозиви, бункери и ровови ископани од терористите.
Во тек се вооружени судири помеѓу турските сили и терористите на ПКК во три квартови, додека деминерските екипи ги чистат експлозивните и мински направи кои терористите ги оставиле во деловите на градот од кој се приморани да се повлечат.
Во досегашниот тек на антитерористичките операции во Ширнак, неутрализирани се 335 терористи на ПКК, a деминерските тимови уништија вкупно 927 експлозивни направи кои терористите ги поставиле на улиците, зградите, џамиите, училиштата и стамбените куќи.
Уништените ескплозивни направи биле тешки околу 30 тони.
Репортерската екипа на АА ја сними денешната акција на деминерите кои уништија четири и пол тони експлозивен материјал пронајден во две куќи во центарот на Ширнак.
ПКК е сепаратистичка и терористичка организација која веќе подолго од три децении делува во Турција и пошироко во регионот. Се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.
Од јули минатата година, терористите на ПКК ги обновија вооружените дејствија, а кон крајот на минатата година турските безбедносни сили започнаа опсежни антитерористички операции со цел неутрализирање на терористите, посебно во југоисточниот дел на земјата.