Ekip?
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АФИОНКАРАХИСАР (АА) - Турскиот претседател и челникот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AK Pаrti), Реџеп Таип Ердоган, денес порача дека европските земји ќе мора да ги испорачаат во Турција бараните бегалци од терористичката организација ФЕТО, за во замена да може да бараат Турција да им предаде некои луѓе кои тие ги бараат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Гледаме дека ФЕТО има добиено поддршка во разни европски земји и дека е стациониран таму. Кога ги прашуваме, овие земји ни кажуваат дека тие луѓе барале азил. Каков азил, па тоа се предавници, убијци и терористи во вистинската смисла на зборот. Нашите судови против тие луѓе донесоа пресуди. Овие европски земји бараат од нас да им предадеме некои луѓе. Не замерувајте ни, но за да ги добиете тие луѓе најпрво мора да ни ги испорачате оние кои ние ги бараме“, рече Ердоган во своето обраќање на затворањето на 26. редовен состанок на АК Партијата.
Укажувајќи на судските процеси, Ердоган рече дека борбата против терористичката организација ФЕТО во Турција веќе дава резултати, и порача дека припадниците на таа предавничка мрежа веќе никаде во светот нема да бидат мирни и нема да имаат влијание какво што го имале претходно.
Тој рече дека ФЕТО со злоупотреба на верските чувства и со сплетки загрозуваше, а паралелната структура ја создаде и во религијата, исто како што направи и со државата.
Додаде дека на тоа предупредиле истакнати научници кои се занимавале со таа тема изминатиот период.
Ердоган се осврна и на случувањата во соседна Сирија и нагласи дека Турција со таа земја дели 911 километри граница.
„Ние мора да бидеме свесни за фактот дека во должина на целата сириска граница се вршат сериозни подготовки за воспоставување на некоја државна творба. Ако денес молчиме, а веќе задоцнивме, тоа може и да се случи“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се и на процесот на создавање на зони без судири во сирискиот Идлиб, во согласност со договорот на Турција, Русија и Иран, Ердоган рече дека сите преземени мерки во соработка со Ослободителната војска на Сирија се одвиваат по својот тек без проблеми.
„Не можеме да дозволиме и мора да ги расипеме плановите за воспоставување терористички коридор од крајниот исток на Сирија кон Средоземното Море. Ако го дозволиме тоа, ќе доживееме ново Кобани, а ние тоа не го сакаме, и нема да го дозволиме“, порача Ердоган.
Турскиот претседател исто така нагласи дека Турција нема да дозволи заканите од Сирија и од Ирак да ја доведат Турција во теснец, без оглед на тоа што некој друг размислува или пак што говори во врска со тоа.
„Нашите раце и срца се целосно отворени за оние кои ни покажуваат пријателство. Меѓутоа, за оние кои гаат непријателство кон нас, сакам да го повторам тоа уште еднаш, можеме одеднаш да дојдеме која било ноќ“, рече Ердоган.