Mümin Altaş
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, порача дека нема да дозволи никому да ја подели на турската нација, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција, Ердоган, и претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti), им се обрати денес на учесниците на проширениот регионален огранок на партијата во Анталија, и порача дека Турција е подготвена да ги реализира своите планови за развој и просперитет, но дека за тоа е потребно сите во партијата повеќе да работат и да остварат клучна победа на изборите во 2019 година.
За државата да биде силна во сите сектори, ние мораме повеќе да работие. Убеден сум дека на наредните избори ќе оствариме најголема победа. Помина времето на изборни победи со 30 или 40 отсто од гласовите. Сега освојуваме повеќе од половина од гласовите“, рече Ердоган.
Ердоган, исто така, порача дека никој нема право АК Партијата да ја вовлекува во стагнација, во време кога работите во Турција и во целиот свет се одвиваат брзо.
Сите наши раководители, кои со новите проекти, со енергија и волја постојано ги прошируваат целите, се разбира дека и понатаму ќе продолжат со својата работа, но нашата одговорност е да ги отстраниме оние кои престанаа да ја носат партијата и се обидуваат да се качат на нјзиниот грб“, рече Ердоган.
Тој, исто така рече дека во АК Партијата нема место за оние кои имаат некаква врска со терористичката организација ФЕТО, која минатата година изведе неуспешен обид за воен удар, во кој загинаа најмалку 250 луѓе.
Укажувајќи на успесите што Партијата АК ги има остварено во изминатата деценија и пол, Ердоган најави дека Турција ќе го продолжи својот пат на прогрес, а паралелно со тоа ќе се ослободи од сите терористички закани и недобронамерни и предавнички елементи.
„Ние во Турција му се молиме само на Бога, никогаш на некој друг. Развојот и угледот и понатаму ќе го стекнуваме со вредна и посветена работа и со служење на народот“, порача Ердоган.