Andaç Hongur,Arif Yakıcı
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, првиот петок по терористичкиот напад го посети плоштадот "Султанахмет" во Истанбул, и џамијата "Султанахмет" (Сината џамија) која се наоѓа во близина на извршениот напад, јавува Агенција Анадолу (АА).
По петочната молитва турскиот претседател Ердоган, во придружба на министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, министерот за култура и туризам на Махир Унал, гувернерот на Истанбул Васип Шахин, директорот на полицијата, Мустафа Чалишкан и градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, положи цвеќе на местото на терористичкиот напад.
Петочната молитва ја предводеше имамот, воедно и претседател на Одделот за верски прашања на Турција, Мехмет Гормез, кој одржа проповед по тој повод.