Barış Gündoğan
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на прес-конференција во Анкара изјави: „Со цел на престојните избори да влеземе во коалиција, консултирајќи се со почитуваниот Бахчели, донесовме одлука изборите да се одржат на 24 јуни 2018 година“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во претседателската палата во Анкара, Ердоган по средбата со Девлет Бахчели, претседател на Партијата на национално движење, одржа прес-конференција.
Ердоган своето обраќање пред новинарите го започна со зборовите: „Денеска имавме многу продуктивен разговор со почитуваниот Девлет Бахчели, претседателот на Партијата на национално движење“, додавајќи дека со Бахчели на повеќепати имале средби на кои размениле мислења за развојот на внатрешните и надворешните односи на Турција.
По успешното запирање на обидот за државен удар на 15 јули, претседателот Ердоган истакна дека во Турција се раѓа нова политичка ера, велејќи:
„Никогаш нема да биде заборавена храброста што нашиот народ ја покажа вечерта за време на обидот за државен удар. Потоа, цели 29 вечери на плоштадите беше држена демократска стража, став кој стана симбол за волјата на народот да ги заштити своите независност и иднина“, додавајќи дека со повеќемилионскиот митинг одржан на 7. август 2016 година, народот им испратил силна порака на политичарите.
Ердоган на прес-конференцијата ја продолжи со зборовите: „Потоа, на 16. април минатата година, референдумот ги отвори можностите за премин од парламентарен во претседателски систем на управување на Турција, а поддршка на тоа даде и Бахчели. Според тоа, измените на Уставот, поврзани со преминот кон претседателски систем во сила ќе стапат по наредните избори“.
Ердоган истакнувајќи на опсежни консултации со Бахчели, продолжи со зборовите: „Во тие рамки, најдовме можност да го разгледаме и предлогот за предвремени претседателски избори, кој на вчерашната партиска седница на МХП во турскиот парламент го даде почитуваниот Бахчели. Одлучивме претседателските и парламентарните избори во Турција да се одржат на 24 јуни оваа година“.
„Започнуваме законски процес и веднаш Врховната изборна комисија започнува со подготовките за избори. Го молам господ, таа одлука да донесе добро за нашата татковина, народот и нашите политички партии“, рече Ердоган.
Редовните избори во Турција беа планирани за ноември наредната година, а важни се поради минатогодишниот референдум, на кој е одобрена одлуката за преоѓање од парламентарен кон претседателски систем на управување во земјата.
Турскиот претседател рече дека од минатогодишниот референдум во Турција, на сила и понатака е парламентарниот систем, кој може да создава проблеми, за кои АК партијата зборува уште од нејзиното доаѓање на власт.
„И покрај тоа, наш избор беше да ги стиснеме забите до ноември наредната година и адекватно да го исполниме даденото ветување. Меѓутоа, имајќи ги во предвид прекуграничните операции кои ги водиме на подрачјето на Сирија, како и сите случувања во Сирија и Ирак кои се од историско значење, на Турција и е потребно да се ослободи од сите неизвесности“, порача претседателот Ердоган и додаде дека е се повидлива потребата од менување на системот на управување.