Vedat Yücebaş
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
ТЕКИРДАГ (АА) - Од обидот за пуч на 15 јули 2016 година, па наваму, во Турција се приведени 77.081 лице поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, откри министерот за внатрешни работи на оваа земја, Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу престојуваше во западниот турски град Текирдаг, каде што на состанокот зборуваше за безбедноста и борбата против криумчарењето на наркотици. Сојлу во обраќањето се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО.
Тој потсети дека предавничката терористичка организација се обидела да изврши пуч во јули 2016 година, но благодарејќи на храброста на граѓаните на Турција, терористите се спречени.
Кога станува збор за истражните работи поврзани за припадниците на ФЕТО, Сојлу нагласи дека само за време на 2017 година се извршени 20.409 акции, и дека притворот е одреден за 20.478 лица.
„Во оваа година извршени се 6.742 акции и приведени се 2.706 лица. Од 15 јули 2016 година, значи, од обидот за пуч до денес, приведени се 77.081 лице“, изјави Сојлу.
Терористичката организација ФЕТО во ’70-тите години на минатиот век почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во ‘80-тите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
За време на обидот за воен удар во Турција се убиени најмалку 250, а ранети 2.200 лица. Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против оваа терористичка организација, на чие чело е Фетула Ѓулен.