Sena Güler
07 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник упати добри желби на венецуелскиот колега Николас Мадуро, по обидот за атентат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на телефонскиот повик, Ердоган посака брзо опоравување на војниците кои се повредени во текот на нападот, изјави изворот кој сакаже да остане анонимен.
Мадуро беше мета на напад на беспилотно летало со експлозив додека во сабота држеше говор во Каракас.
За нападот ги обвини припадниците на крајната десница, кажувајќи дека тие се поврзани со Колумбија и САД.
Неколку осомничени лица, за кои Мадуро рече дека се одговорени за нападот се уапсени.