Satuk Buğra Kutlugün
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
РИМ (AA) - Силната експлозија на авопатот во Болоња, во Италија, била предизвикана со несреќата на автопатот во кој две лица починаа и 60 други се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи кога неколку автомобили учествуваа во судирот со камион кој превезуваше запаливи материи, што резултираше со силна експлозија.
Меѓу повредените се двајца сообраќајни полицајци и 11 припадници на жандармеријата кои се обидуваа да го контролираат протокот на сообраќајот во моментот кога се случи експлозијата.
Оделлот на болоњската полиција на Твитер објави дека магистралниот пат Виа Марко Емилио Лепидо и подрачјето Борго Панигале се затворени за сообраќајни и патнички премини.
Причина за несреќата сеуште е непозната. Полицијата е оддалечена од местото на експлозијата поради чадот.