Enes Kaplan
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
ЈОЗГАТ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ниту тероризмот ниту било која друга закана нема да го наруши единството на народот во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту паралелните структури ниту сепаратистичкиот тероризам нема да го наруши нашето единство”, рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека сите оние кои одат по погрешен пат порано или подоцна ќе сфатат колку грешат и дека „ние не се покоруваме никому освен на Бог и тоа е едноставно така”.
Ердоган за загинатите припадници на безбедносните сили рече дека „нивните имиња ќе бидат испишани со златни букви во историјата, бидејќи тие се симболи на една чесна борба”.
„Ние сме еден народ. Не има 79 милиони. Сите сме едно. И Турците и Курдите и Лазите и Черкезите и Бошњаците. Оние кои сакаат да нè поделат нема да успеат во своите намери”, рече Ердоган.
Потсетувајќи дека Турција еден од напаѓачите во Брисел, го уапси во Газиантеп во 2015 година како странски милитант и го депортира во Белгија, Ердоган изјави дека тероризмот е проблем на целиот свет.
„Во Газиантеп го фативме тоа лице и го депортиравме. Господата го ослободија терористот и сега ја плаќаат цената. Тероризмот не е проблем само на одредени земји, ова е проблем на целиот свет и се надевам дека сите ќе го разберат тоа”, рече Ердоган.