Erdal Çelikel
21 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
АНКАРА (AA) - Министерството за трговија на Турција соопшти дека оваа земја покренала парнична постапка во врска со дополнителни царини на Соединетите Американски Држави (САД) на челик и алуминиум, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека одлуката за дополнителни царини која неодамна ја донесоа САД во потполност е спротивна со правилата на Светската трговска организација (СТО).
Во соопштението се потсетува и дека Турција на 15 август двојно ги зголемила царините на увозот во земјата на 22 видови американска роба, напоменувајќи дека вкупниот износ на зголемување на царините изнесувал 533 милони долари.
Се додава дека во рамките на СТО се преземени сите потребни чекори за да бидат заштитени правата на турските извозници.
„Нашата земја во врска со дополнителните царини ги повика САД на консултации во СТО. Со ова е покрената постапка во врска со дополнителните царини на челик и алуминум. Освен нашата држава, постапка против САД пред СТО покренаа и Индија, Кина, Швајцарија, Норвешка, Канада, Русија, Мексико и Европската унија (ЕУ). Во наредниот период ќе биде продолжена соработката со овие земји со цел спроведување на потребните активности за да се заштитат правата на извозниците на нашата земја", се наведува во соопштението.
Потсетуваме, САД на 10 август соопштија дека двојно ги зголемија царините на челикот и алуминиумот од Турција, со што царините на алуминиумот се зголемени на 20 отсто, а на челикот 50 отсто.