İlhan Toprak
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со најголема државна почест го дочека словенечкиот колега, Борут Пахор, кој е во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во чест на доаѓањето на претседателот Пахор, на плоштадот на претседателската палата во Анкара беше организирана церемонија на свечен дочек со најголема воена почест, а на плоштадот го дочека турската делегација предводена од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На приемот се интонирани химните на Турција и на Словенија.
По доаѓањето пред претседателската палата, Пахор ги поздрави војниците од почесната гарда со зборовите: „Мерхаба аскер“ (поздрав, војници).
По заедничката фотографија пред претседателската палата, следуваше состанок на двајцата лидери.
На дочекот на словенечкиот претседател присуствуваа министерот за промет, поморство и комуникации, Ахмет Арслан, генералниот секретар на турскиот претседател, Фахри Касирга, заменик генералниот секретар Ибрахим Калин и други официјални лица.
Пахор претходно се состана со турскиот премиер, Бинали Јилдирим.