Diyar Güldoğan
21 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека Анкара ќе почекаат одредено време за операцијата источно од реката Еуфрат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Телефонскиот разговор што го имавме со американскиот претседател Трамп, како и контактите на нашите дипломатски и безбедносни единици, и изјавите дадени од американската страна нè наведоа да почекаме уште малку за спроведување на операцијата источно од Еуфрат“, изјави Ердоган.
„Секако ова не е процес на чекање со отворен крај“, изјави Ердоган за време на церемонијата на доделување награди во Истанбул.
Ердоган ги даде ваквите забелешки откако Трамп во средата им нареди на американските трупи да се повлечат од Сирија, велејќи дека ДЕАШ е поразен.
Велејќи дека операцијата на Турција не е насочена кон територијата на Сирија, Ердоган изјави: „Но, нашиот став против терористичките напади од Сирија, чија мета сме ние, е јасен“.
Можната операција источно од Еуфрат за којашто турските власти говорат со месеци, ќе следува по двете успешни прекугранични операции на Турција во Сирија од 2016 година, а тоа се операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, кои беа спроведени со цел да се искорени присуството на терористите на ЈПГ/ПКК и на ДЕАШ во близина на границата на Турција.