Diyar Güldoğan
21 Декември 2018•Ажурирај: 21 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 39 осомничени лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул се издадени налози за апсење на осомничени лица на ФЕТО што ја користеле апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО „БајЛок“ (ByLock).
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.