Admir Fazlagic
13 Април 2016•Ажурирано: 14 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Граѓанските протести во Скопје кои се одржуваат во знак на револт против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги помилува политичарите резултираше со судири меѓу полицијата и демонстрантите откако тие се обидоа да го проблијат полицискиот кордон и да продолжат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ,јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата експалираше пред Министерството за правда во моментот кога демонстрантите беа спречени да продолжат кон седишетот на ВМРО-ДПМНЕ, и во тој момент демонстрантите почнаа да фрлаат камења и други предмети кон зградата на Народната канцеларија на претседателот и Министерството за правда по што полицијата употреби физичика сила за да ги спречи демонстрантите во нивниот обид.
Денешниот протест започна во попладневните часови пред Канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство на кое граѓаните му дадоа поддршка да продолжи со истагата, по што маршираа до Народната канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот.
Потоа, граѓаните се упатија кон зградата на Собранието на Република Македонија каде што полицискиот кордон ги спречи да се приближат до зградата по што тие се вратија и ја демолираа Народната канцеларијата на Претседателот. Во текот на судирот повредени се неколку демонстранти и новинари.
Моментално, патот кон седиштето е непрооден од голем број на полициски сили.
Полициските сили ги растеруваат демонстратите.
Преку протестот граѓаните изразуваат револт од вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.